Ракометната федерација на Македонија во период од 17 до 21 Декември ќе организира меѓународен ракометен турнир за млади ракометари родени 2000 година и помлади. Меѓународниот турнир ќе се одржи во спортската сала Автокоманда каде своето учество го потврдија и селекциите на: Полска, Унгарија, Србија и Црна Гора.
Младите надежи на Република Македонија ќе настапат со две селекции во категорија за родени 2000-та година и помлади, селектирани од селекторот Данило Брестовац.
Распоредот на натпревари е следен:
18.12.2018
09:30 Mакедонија A – Mакедонија Б
11:00 Полска – Црна Гора
12:30 Унгарија – Србија
17:00 Mакедонија A – Црна Гора
18:30 Унгарија – Македонија Б
20:00 Србија – Полска
19.12.2018
09:30 Mакедонија Б – Србија
11:00 Mакедонија A – Полска
12:30 Црна Гора – Унгарија
17:00 Mакедонија Б – Црна Гора
18:30 Mакедонија A – Србија
20:00 Полска – Унгарија
20.12.2018
09:30 Србија – Црна Гора
11:00 Полска – Македонија Б
12:30 Унгарија – Mакедонија A
Меѓународниот турнир е организиран како дел од подготвителниот период за претстојното светско првенство до 19 години во машка категорија, кое ќе се одржи во Скопје во период од 5 до 18 август 2019 година.