Првиот човек на Ф1 тимот, Мекларен, Зак Браун, истакна дека на тимот ќе му биде тешко да најде место за шпанскиот пилот Фернандо Алонсо , ако тој, сепак, реши да се врати во Формула 1.
„Имаме двајца пилоти. Тешко дека ќе може да најдеме место за него, ако сака да се врати“, вели Браун.
„Ако Алонсо сака да спроведе тестови, тогаш, се разбира, ние сме отворени за таков предлог, би било важно да го знаеме неговото мислење за болидот. Ако сака да биде во овој сегмент со нас, ние би се согласиле за соработка“, дополни Браун.