Author: saso

Ѕвездата на Челзи, Еден Азар, иако постојано е поврзуван со трансфер во Реал (М), сега изјавува дека би сакал карирата да ја продолжи во Челзи и да стане еден од легендите на клубот. Неговиот договор со Челзи истекува за 18 месеци и засега нема најава за негово продолжување. По синоќешните два гола на мечот со Ватфорд, Азар изјави дека сепак својата иднина ја гледа во Челзи. „Овие погодоци значат многу за мене, особено имајќи предвид дека ја донесоа победата. Да постигнеш 101 гол за таков голем клуб е нешто што никогаш нема да го заборавам во животот. Но сега сакам…

Read More

Македонскиот каратист Емил Павлов и ракометарката Сара Ристовска се најдобрите спортисти од Македонија за 2018 година. Вечерваво изборот на Агенцијата за млади и спорт и Сојузот на спортските федерации беа врачени наградите за најуспешните во тековната година. Со награди се закитија и Кирил Лазаров кој е избран за најдобар македонски спортист во странство, како и ракометните репрезентации на Македонија кои беа прогласени за најдобри во машка и во женска конкуренција. ИЗБОР НА НАЈДОБРИ СПОРТИСТИ ЗА 2018 НАЈУСПЕШЕН СПОРТИСТ: Емил Павлов (карате) НАЈУСПЕШНА СПОРТИСТКА: Сара Ристовска (ракомет) НАЈУСПЕШЕН СПОРТИСТ ВО СТРАНСТВО: Кирил Лазаров (ракомет) НАЈУСПЕШНА ФЕДЕРАЦИЈА: Карате федерација на Македонија НАЈУСПЕШЕН…

Read More

Македонската кошаркарска федерација вечерва ќе ги врачи наградите за најдобрите кошаркари и екипи во тековната 2018 година. Манифестацијата ќе се одржи во просториите на Сквер 21 со почеток од 20 часот. Годинава во изборот на најдобрите ќе има две признанија за најдобрите кошаркари. Тие ќе им припаднат на Војдан Стојановски и Бојан Трајковски. Кај дамите, изборот на најдобра кошаркарка падна на Анџелика Митрашиновиќ.

Read More

Македонската ракометна репрезентација попладнево ќе го има првиот собир пред стартот на подготовките за настап на СП во Германија и Данска. Селекторот Раул Гонзалес првата произвка ќе ја направи во Скопје на која се очекува да се појават 22 повикани ракометари од последниот список кој Раул го објави во саботата.

Read More

Францускиот тенисер Ришар Гаске ќе го пропушти првиот Грен Слем турнир во новата 2019 година, Австралијат Опен. 32-годишниот Французин нема време да се опорави од повреда на препоните и мораше да им соопшти на организаторите дека нема да патува за Мелбурн. Последен пат Гаске се појави на терените во ноември на “Мастерсот” во Париз. Поради повредата, Гаске исто така мораше да го пропушти финалето на Дејвис купот со Хрватска. Објавувањето е многу веројатно да потрае, па тој да мора да ја започне новата сезона дури на турнирот во Монпелје на почетокот на февруари.

Read More

Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино, изјави дека Ливерпул и Манчестер Сити се фаворити и главни претенденти за титулата во Англија, но и лондончани ќе се обидат да се вклучат во битката за тронот. Екипата на Почетино моментно го зазема третото место на табелата со 42 бода по 18 одиграни натпревари и се наоѓа на 2 бода зад шампионот Сити и на 6 бода зад лидерот Ливерпул. „Се уште мислам дека Ливерпул и Манчестер Сити се реалните фаворити да ја освојат титулата во Премиер лигата. Ние исто така имаме шанси, како и Челзи, Арсенал и Манчестер Јунајтед. Но треба да побрзаме,…

Read More

Чешкиот тенисер Томас Бердих доби „Вајлд карта“ за настап на турнирот во Доха, кој ќе се одржи од 31 декември до 6 јануари. 33-годишниот тенисер ја заврши минатата сезона во средината на септемврисо одиграни 22 натпревари, од кои освои само 11. Како резултат на откажувањето на настапот на УС Опен, Бердих за првпат пропушти два Гренд-слем турнири во својата кариера. Претходно беше објавено дека меѓу учесниците во Доха се и српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, Австриецот Доминик Тим, Русинот Карен Хачанов, Марко Чекинато од Италија, но и Белгиецот Гофин.

Read More

Филип Миркуловски останува верен на германски Вецлар и во наредните три години. Откако се пресели во Германија во 2015 година, Миркуловски „фати корен“ во тимот и таму ќе остане да ја заврши својата играчка кариера. „Среќен сум што ќе бидам дел од овој тим и во следните сезони. Тука сум веќе четири години, заедно со моето семејство се чувствуваме како дома. Горд сум што имам шанса да продолжам да играм за Вецлар, кој има одлични фанови. Се надевам дека во иднина ќе продолжиме да растеме во одличен тим, ќе дада се од себе за Вецлар“, рече Миркуловски.

Read More

Раководството на Челзи оствари разговори со италијанските гиганти Милан и Јувентус во врска со можноста да го привлече на позајмица до крајот на сезоната напаѓачот Гонзало Игуаин. Во моментов аргентинскиот репрезентативец игра под наем на “Сан Сиро” и без дозвола на гигантот од Милано, тој нема да може да замине на нова позајмица во Англија. Менаџерот на лондончани Маурицио Сари го познава добро Игуаин од времето кога работеа заедно во Наполи и го сака по секоја цена во лондонскиот тим. Се очекува во следните денови да има малку повеќе информации дали ваквата зделка може да се оствари.

Read More

Селекторот на mакедонската сениорска ракометна репрезентација, Раул Гонзалез го објави скратениот список на ракометари повикани за подготвителниот период за претстојното СП 2019 во Германија и Данска. На списокот овој пат се најдоа 22 имиња. Собирот на ракометари е закажан на ден 24.12.2018 (понеделник) со почеток во 16:30 часот во хотел Александар Палас во Скопје.

Read More