Францускиот тенисер Ришар Гаске ќе го пропушти првиот Грен Слем турнир во новата 2019 година, Австралијат Опен. 32-годишниот Французин нема време да се опорави од повреда на препоните и мораше да им соопшти на организаторите дека нема да патува за Мелбурн.
Последен пат Гаске се појави на терените во ноември на “Мастерсот” во Париз. Поради повредата, Гаске исто така мораше да го пропушти финалето на Дејвис купот со Хрватска.
Објавувањето е многу веројатно да потрае, па тој да мора да ја започне новата сезона дури на турнирот во Монпелје на почетокот на февруари.