Ѕвездата на Челзи, Еден Азар, иако постојано е поврзуван со трансфер во Реал (М), сега изјавува дека би сакал карирата да ја продолжи во Челзи и да стане еден од легендите на клубот.
Неговиот договор со Челзи истекува за 18 месеци и засега нема најава за негово продолжување. По синоќешните два гола на мечот со Ватфорд, Азар изјави дека сепак својата иднина ја гледа во Челзи.
„Овие погодоци значат многу за мене, особено имајќи предвид дека ја донесоа победата. Да постигнеш 101 гол за таков голем клуб е нешто што никогаш нема да го заборавам во животот. Но сега сакам повеќе. Сакам да постигнувам голови, сакам Челзи да победува и да бидам легенда како Френк Лампард, како Дидие Дрогба, како Џон Тери“, изјавил Азар.

