Селекторот на mакедонската сениорска ракометна репрезентација, Раул Гонзалез го објави скратениот список на ракометари повикани за подготвителниот период за претстојното СП 2019 во Германија и Данска. На списокот овој пат се најдоа 22 имиња.
Собирот на ракометари е закажан на ден 24.12.2018 (понеделник) со почеток во 16:30 часот во хотел Александар Палас во Скопје.