Играчот за врска на екипата на Лион, Ндомбеле изјави дека не го интересираат понудите од клубовите како Манчестер Сити, Баерн, Манчестер Јунајтед и Тотенхем затоа што сака да продолжи да се развива во својот сегашен клуб Лион, барем до крајот на сезоната.
Тој импресионира со настапот за францускиот прволигаш и се очекува да биде една од најпосакуваните трансфер мети за големите клубови уште овој јануари.
22-годишниот играч од средниот ред пристигна на “Жерлан” од Амиен пред само една година за 8 милиони евра, а сега Лион ќе може да го продаде за околу десетпати повеќе.

