Тренерот на Борусија Дортмунд, Лусиен Фавре призна дека бил изненаден од силното претставување на Фортуна Дизелдорф, која успеа да им го нанесе првиот пораз на рурците во првенството оваа сезона.
Швајцарскиот стратег стана првиот тренер во историјата на “жолто-црните”, кој започна дадена сезона без пораз во првите 15 круга.
„Тие одиграа фантастично а контранапад, и се гледа дека тоа долго време го планирале. Игравме многу длабоко во својата половина, и ние не успеавме да најдеме слободен простор. Во второто полувреме заигравме подобро, но примивме втор гол”, изјави Фавре.