Челзи подготвува понуда во вредност од 70 милиони фунти за фудбалерот на Реал Мадрид, Иско. Според информациите, лондонскиот клуб се надева дека може да ја добие борбата со конкурентите за потписот на 26-годишниот фудбалер со личните услови кои ќе му ги понуди.
Челзи е подготвен да понуди плата од 250 илјади долари неделно што може да биде сериозен проблем за останатите заинтересирани клубови. Исто така, Челзи сакаат да му понудат договор на 4,5 години.
Иско ја изгуби трката со конкурентите за место во првиот тим на Реал Мадрид по доаѓањето на Сантијаго Солари.
