Барселона веќе се пофали со првото ново засилување во јануари. Според информациите од Шпанија, Барселона се договорила со ПСЖ да го откупи договорот на младиот Адриен Рабио, кој ќе се пресели во редовите на каталонците.
Французите за да не го пуштат да си замине без отштета во јуни, решија да го продадат за 5 милиони евра, колку што Барса се согласила да плати за него.
Рабио шестпати одби да го продолжи договорот со ПСЖ и покрај тоа што од клубот се обидуваа да му дадат добра финансиска понуда.
Во Барселона, фудбалерот ќе добие 10 милиони евра по сезона, а тој исто така ќе добие 10 милиони само за доаѓањето на „Камп Ноу“.