Јувентус е сериозно заинтересиран за купување на играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Иско, објавија италијанските медиуми. Раководството на бјанконерите планира да склучи договор со 26-годишниот шпански играч во период од пет години. Договорот може да се заврши и оваа зима, но најверојатно е тој сепак да им пристапи на Италијанците во летниот трансфер период. Договорот на Шпанецот со Реал е до 30 јуни 2022 година, но тој одамна е на излезна врата од „Бернабеу“.
Author: saso
Менаџерот на Арсенал Унаи Емери откри дека клубот оваа зима се интереисра само за играчи кои можат да бидат позајмени. Лондончани немаат намера да трошат големи финансиски средства за обезбедување нови засилувања во овој трансфер прозорец. „Не можеме да си дозволиме да купуваме играчи. Во јануари ќе бараме само фудбалери на позајмица“, потврдил менаџерот Емери. Во последниве недели, беше најавувано дека Арсенал се обидува да го купи фудбалерот на Барселона, Денис Суарез, но се чини дека од ова, барем засега, нема да има ништо.
Данска одигра само еден лесен тренинг на премиерата на светското првенство. Пред своја публика, еден од фаворитите за висок пласман ја прегази селекцијата на Чиле со убедливи 39-16. Во првиот дел Чилеанците се соочија со првиот состав на Данска и за 30 минути постигна само 4 гола (22:4). Во вториот дел кога домашните го проширија ростерот и со оние од клубата, јужноамериканците успеаја да намалат од длабоката негатива. На крајот, кај Данска со 100% ефикасност Каспер Мортенсен заврши како најдобар стрелец со 8 гола, додека Хансен постигна 7. Салинас со 4 гола беше најефикасен кај Чиле.
Еден од ко-организаторите на 26. СП во ракомет, Германија, убедливо славеше на стартот на ракометниот мундијал. Во премиерниот меч на првенството, „панцирите“ ја прегазија обединетата Кореја со 30:19. Корејците кои на овој Мундијал дојдоа како дебитанти и за првпат во историјата играа под исто знаме и Северна и Јужна Кореја, беа прелесен залак за моќниот домашен состав. Предводени од најефикасниот на денешниот меч, Уве Генсхајмер кој средната ја заврши со 7 гола, Германците ги прокнижија првите три бода на средбата. Одлични беа и Пекелер, Фат и Колбахер кои постигнаа по 4 гола.
Селекторот на машката сениорска репрезентација, Раул Гонзалез го објави списокот на ракометари кои патуваат на претстојното СП 2019 во Германија и Данска. На списокот се најдоа 18 ракометари кои ќе се обидат да ја однесат Македонија во втората фаза на првенството, иако се наоѓаме во исклучително тешка група. Репрезентацијата на Македонија првиот натпревар на СП 2019 ќе го одигра на 11.01.2019 (петок) против селекцијата на Јапонија со почеток во 15:30 часот.
Египетскиот голгетер Мохамед Салах од Ливерпул и втора година по ред е избран за најдобар фудбалер од Африка во 2018 година. Тој ја доби наградата на официјалната церемонија одржана синоќа во Дакар. Како и минатата година, тој успеа да ги победи клупскиот колега од Ливерпул, Садио Мане, како и голгетерот на екипата на Арсенал, Пјер Емерик Обамејанг, во изборот кој го направија техничките директори и селекторите на националните тимови на 56-те земји-членки на Африканската фудбалска конфедерација. “Ова е големо признание за мене. Горд сум што ја добивам по вторпат и ја посветувам на мојата татковина Египет”, изјави Салах.
Гонзало Игуаин е блиску до потпишување договор со англиски Челзи. Напаѓачот е долгорочна цел на „сините“ и се очекува да стане второ зимско засилување, откако екипата веќе го потпиша и Кристијан Пулишиќ од Борусија (Д). Некои извори тврдат дека Игуаин веќе преговарал за своите лични услови со тимот од Премиер лигата, а потпишувањето на договорот меѓу двете страни е прашање на часови. Ова скоро сигурно значи дека Алваро Мората ќе го напушти „Стемфорд Бриџ“. Интерес за него има од шпанска Севиља. Во моментов, Игуаин игра за Милан, како позајмен од екипата на Јувентус.
Шпанскиот фудбалер од екипата на Манчестер Јунајтед, Андерс Херера изгледа ќе потпише нов договор со клубот, откако бил лично убеден од Оле Гунар Солскјер да остане кај “црвените ѓаволи”. Тој одбиваше да го продолжи договорот со клубот, додека тој беше под водство на Жозе Мурињо, но сега ситуацијата е поинаква. Во моментов Јунајтед е тим со најдобра форма од сите во Англија и расположението кај новиот менаџер донесе радост и во соблекувалната. Актуелниот договор на Херера со клубот истекува на летото, а тој има право да преговара со други клубови. Засега не се знае дали во скоро време двете страни…
Дефанзивецот на Наполи, Калид Кулибали, има реални шанси да се пресели во Манчестер Јунајтед на крајот на оваа сезона. Според некои англиски весници, 27-годишниот фудбалер е подготвен да ја напушти Италија, по се што му се случува во последно време со расистичките навреди од трибините. Сенегалецот засега не добил зелено светло од Наполи да преговара со некој друг клуб, зато ашто наполитанците инсистираат дека тој не е на продажба. Кулибали има договор со италијанскиот тим до летото 2023 година. Претходно беше објавено дека Барселона е исто така заинтересирана за услугите на Кулибали.
Младиот фудбалер на Милан, Ален Халиловиќ, најверојатно, кариерата ќе ја продолжи во Турската Супер лига. Како што информира Скај Спорт Италија, новиот тим на Хрватот би можел да биде Бешикташ. Агентот на фудбалерот е во Истанбул, каде што се договара со клубот околу можната соработка. Минатата сезона Халиловиќ помина како позајмен фудбалер на Лас Палмас”. 22-годишниот играч од средниот ред ја започна својата кариера во Динамо Загреб, во 2014 година се пресели во Барселона, а две години подоцна се пресели во Хамбург. Оваа сезона, Халиловиќ не учествуваше на ниту еден натпревар од италијанската Серија А, останувајќи на клупата на 14…
