Дефанзивецот на Наполи, Калид Кулибали, има реални шанси да се пресели во Манчестер Јунајтед на крајот на оваа сезона. Според некои англиски весници, 27-годишниот фудбалер е подготвен да ја напушти Италија, по се што му се случува во последно време со расистичките навреди од трибините.
Сенегалецот засега не добил зелено светло од Наполи да преговара со некој друг клуб, зато ашто наполитанците инсистираат дека тој не е на продажба. Кулибали има договор со италијанскиот тим до летото 2023 година.
Претходно беше објавено дека Барселона е исто така заинтересирана за услугите на Кулибали.

