Гонзало Игуаин е блиску до потпишување договор со англиски Челзи. Напаѓачот е долгорочна цел на „сините“ и се очекува да стане второ зимско засилување, откако екипата веќе го потпиша и Кристијан Пулишиќ од Борусија (Д).
Некои извори тврдат дека Игуаин веќе преговарал за своите лични услови со тимот од Премиер лигата, а потпишувањето на договорот меѓу двете страни е прашање на часови.
Ова скоро сигурно значи дека Алваро Мората ќе го напушти „Стемфорд Бриџ“. Интерес за него има од шпанска Севиља. Во моментов, Игуаин игра за Милан, како позајмен од екипата на Јувентус.

