Египетскиот голгетер Мохамед Салах од Ливерпул и втора година по ред е избран за најдобар фудбалер од Африка во 2018 година. Тој ја доби наградата на официјалната церемонија одржана синоќа во Дакар.
Како и минатата година, тој успеа да ги победи клупскиот колега од Ливерпул, Садио Мане, како и голгетерот на екипата на Арсенал, Пјер Емерик Обамејанг, во изборот кој го направија техничките директори и селекторите на националните тимови на 56-те земји-членки на Африканската фудбалска конфедерација.
“Ова е големо признание за мене. Горд сум што ја добивам по вторпат и ја посветувам на мојата татковина Египет”, изјави Салах.