Author: saso

Голманот на Арсенал, Петр Чех , кој вчера го најави своето повлекување од активниот фудбал на крајот на сезоната, може веднаш да добие работа во еден од наговите претходни клубови. Според “Тајмс”, екипат ана Челзи е подготвена да му понуди на 36-годишниот голман да почне да работи како тренер во младите категории, или пак да се нафати да ја има улогата на клупски амбасадор. Чех одигра 124 натпревари за репрезентацијата на Чешка, а во Челзи беше во периодот од 2004 до 2015 година, со што стана една од легендите на клубот.

Read More

Утрово на Австралија Опен се случи и првото поголемо изненадување, откако петтиот фаворит на машкиот турнир, Јужноафриканецот Кевин Андерсон не успеа да го мине Фросис Тиафо од САД. По речиси тричасовната битка во Мелбурн, Американецот победи со 3:1 (4:6, 6:4, 6:4, 7:5). Треба да се напомене дека Андерсон имаше здравствени проблеми пред натпреварот што сигурно влијаеше на неговиот настап. За разлика од него третиот фаворит на турнирот, Швајцарецот Рожер Федерер успеа да го мине и вториот противник во Мелбурн. Тој утрово во три сета со 7:6, 7:6, 6:3 успеа да го совлада Британецот Еванс, кој одлично се држеше во воведните…

Read More

Фудбалскиот клуб Вардар на 16 јануари заминува на зимски подготовки во турскиот град Аланија, каде што ќе остане до 4. февруари. Од клубот денеска информираа дека се познати и четири од вкупно седумте противници на „црвено-црните“ на пријателски средби, кои ќе бидат одиграни за време на престојот во Турција. Прв противник на Вардар ќе биде тимот на Иртиш од Казахстан на 19 јануари, а три дена подоцна Вардар ќе игра и против Сумкаит од Азербејџан. На 28. јануари ќе ги одмери силите со украинскиот тим Александрија, а на 2. февруари ќе игра и со Черно Море од Бугарија. Предвидено е…

Read More

Чешката судиска двојка, Вацлав Хорачек и Јиржи Новотни повторно ќе и суди на нашата ракометна репрезентација. Денеска оваа чешка судиска двојка е делегирана да ја суди и средбата со Хрватска, а на ова СП веќе ни судеа во првото коло кога ја победивме селекцијата на Јапонија. Македонската судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов денеска, пак, одново ќе биде на терен во „Ројал Арена“ во Копенхаген. Тие се делегирани како судии на натпреварот меѓу Катар и Унгарија.

Read More

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Раул Гонзалез нема менува ништо во составот и за мечот број три на Светското првенство. На трибините за натпреварот против Хрватска остануваат голманот Златко Даскаловски и пикерот Милан Лазаревски. Во изборот на ракометарите кои ќе се појават на дуелот со „коцкестите“ и овој пат се најдоа: Борко Ристоски, Никола Митревски, Дејан Манасков, Филип Лазаров, Фили Талевски, Филип Кузмановски, Филип Чурлевски, Горан Крстевски, Мартин Серафимов, Кире Лазаров, Мартин Поповски, Гоце Георгиевки, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевки, Велко Маркоски и Марио Танкоски. Дуелот во „Олимпијахале“ во Минхен е закажан од 18 часот. Денеска во нашата група од 15.30…

Read More

Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, се повреди за време на дербито со Манчестер Јунајтед вчера. Англискиот репрезентативец го одигра целиот дуел, но во дополнителното време заработи повреда на глуждот. „Имаше чист фаул над Кејн, но главниот судија Мајк Дин не го виде. Тој има извртување на глуждот и се надеваме дека не е нешто сериозно. Глуждот беше малку отечен, но останува да видиме“, изјавил по мечот Почетино. Тотенхем, исто така, нема да може да смета и на Сон Хјун-Мин, кој ќе игра за својата репрезентација, Ј. Кореја на Азискиот куп.

Read More

Гонзало Игуаин и официјално поднесе барање за трансфер во Челзи, објави „Скај Спорт Италија“. Аргентинскиот стрелец е во сопственост на Јувентус, но годинава настапува како позајмен во Милан. „Росонерите“ имаат можност да го искористат своето право и да го купат играчот на крајот на сезоната за 36 милиони евра, но сега Игуаин не сака да остане во Милано. Челзи му понуди на Јуве да го вклучи во зделката Алваро Мората, кој има две сезони поминати во Италија кај “црно-белите”, но торинци одбија. Преговорите се очекува да продолжат, а Милан, најверојатно, ќе биде подготвен да се раздели со него.

Read More

Напаѓачот на Челзи, Мичу Батчуај, остатокот од сезоната ќе го помине во екипата на Монако. Ова го изјави заменик-претседателот на францускиот тим, Вадим Васиљев. Според него, условите на договорот се договорени од сите страни, Челзи, Монако и Валенсија, каде Батчуај игра како позајмен. Во моментов, Белгиецот е во Шпанија заедно со екипата на Валенсија, но очекува многу скоро да се пресели во кнежеството. Валенсија се согласи да го прекине договорот за закуп на 25-годишниот напаѓач, што му даде отворена врата на Монако да тргне по голгетерот.

Read More

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, моментно вторпласиран на АТП листата, успешно го започна настапот на првиот Грен Слем турнир оваа сезона, Отвореното првенство на Австралија. Надал успеа да го мине Дакворт во 1. коло победувајќи го со 6:4, 6:3, 7:5. Иако загуби во три сета, 26-годишниот Австралиец навистина пружи одлична партија против Шпанецот. Вториот искусен Шпанец Фернандо Вердаско, го совлада Миомир Кечановиќ (Србија) со 7:5 (6), 6:3, 6:3, додека 14. фаворит Стефанос Циципас (Грција) беше подобар во 4 сета од Матео Беретини (Италија) со 6:7 (3), 6:4, 6:3, 7:6 (4). Изненадување кај мажите на стартот приреди 21-годишниот Рајли Опелка, кој го…

Read More

Пред утрешниот дуел со нашата репрезентација, ракометарот на Вардар Игор Карачиќ, во изјава за спортското радио 90.3 фм во Минхен, вели дека ова ќе биде еден многу интересен дуел, во кој победникот ќе го реши тоа кој ќе биде поодморен од првите две кола. „Сигурно ќе биде многу интересна средба. Подготвени сме и ние и тие сигурно, а ќе одлучи тоа кој има повеќе сила и кој помалку се потртоши. Ние доста сочувавме од силите денеска, имаме рецепт за Македонија, но треба да дадеме 150% од себе, особено во одбраната, за да го добиеме мечот. Сигурно, дека сите добро го…

Read More