Напаѓачот на Челзи, Мичу Батчуај, остатокот од сезоната ќе го помине во екипата на Монако. Ова го изјави заменик-претседателот на францускиот тим, Вадим Васиљев.
Според него, условите на договорот се договорени од сите страни, Челзи, Монако и Валенсија, каде Батчуај игра како позајмен. Во моментов, Белгиецот е во Шпанија заедно со екипата на Валенсија, но очекува многу скоро да се пресели во кнежеството.
Валенсија се согласи да го прекине договорот за закуп на 25-годишниот напаѓач, што му даде отворена врата на Монако да тргне по голгетерот.