Пред утрешниот дуел со нашата репрезентација, ракометарот на Вардар Игор Карачиќ, во изјава за спортското радио 90.3 фм во Минхен, вели дека ова ќе биде еден многу интересен дуел, во кој победникот ќе го реши тоа кој ќе биде поодморен од првите две кола.
„Сигурно ќе биде многу интересна средба. Подготвени сме и ние и тие сигурно, а ќе одлучи тоа кој има повеќе сила и кој помалку се потртоши. Ние доста сочувавме од силите денеска, имаме рецепт за Македонија, но треба да дадеме 150% од себе, особено во одбраната, за да го добиеме мечот. Сигурно, дека сите добро го познаваме тој состав кој го преферираат нашите тренери, Многу е тешко да се игра, затоа што тимот има глава и опашка, во секој момент се знае кој што прави и тоа е тоа што е најбитно. Ќе мора добро да аналзираме, добро да се подготвиме, да видиме кои се дефицитарни места во нивната одбрана, а со добар напад и добри голмани ќе очекуваме да го затвориме нашиот гол, да поставиме кинески ѕид и се надеваме на победа“, вели Карачиќ.