Фудбалскиот клуб Вардар на 16 јануари заминува на зимски подготовки во турскиот град Аланија, каде што ќе остане до 4. февруари. Од клубот денеска информираа дека се познати и четири од вкупно седумте противници на „црвено-црните“ на пријателски средби, кои ќе бидат одиграни за време на престојот во Турција.
Прв противник на Вардар ќе биде тимот на Иртиш од Казахстан на 19 јануари, а три дена подоцна Вардар ќе игра и против Сумкаит од Азербејџан.
На 28. јануари ќе ги одмери силите со украинскиот тим Александрија, а на 2. февруари ќе игра и со Черно Море од Бугарија.
Предвидено е одигрување на уште три контролни натпревари на 26. и 30. јануари, и на 3. февруари, а противниците ќе бидат дополнително објавени.