Author: saso

Раководството на францускиот прволигаш Олимпик Марсеј влезе во преговори со Ница за напаѓачот Марио Балотели. Двата клуба дебатираат околу платата на играчот и се очекува во рок од неколку дена Италијанецот да се пресели на „Велодром“. Според француските изданија, договорот е практично обезбеден, а „Супер Марио“ има огромна желба да го облече дресот на славниот тим од „Велодром“. Во тековната сезона Балотели одигра само 10 натпревари за Ница.

Read More

Македонската ракометна репрезентација ќе се бори за пласман на 15. Место на светското првенство во Германија и Данска. Денеска во првиот меч од разигрувањето на „Президент Купот“ загубивме од селекцијата на Русија со 30:28 и со тоа останува утре во последниот меч да разигруваме со поразениот од денешниот дуел меѓу Чиле и Катар за пласман на 15. позиција. Во меч со многу пропусти и лоша игра, нашите ракометари не беа ни близу до успех. Уште во првиот дел по стартната предност од 4:2, следуваше несфатлив пад во играта и серија од 6:0 за Русија, што ни стави дознаење како ќе…

Read More

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ обезбеди место меѓу 16-те најдобри на Австралија Опен, откако денеска славеше над Денис Шапавалов во четири сета со 3:1.  Ноле играше без грешка во првите два сета кои ги реализираше со 6-3 и 6-4 за да во третиот младиот Канаѓанец да направи пресврт и од 4:1 за Србинот, да дојде до 6:4 за намаливање на 2.1 во сетови. Ова како да го разбуди Новак кој во четвртиот сет дојде до преубедливи 6:0 за победа од 3:1. Кај дамите, првиот светски рекет Симона Халеп со 6:2 и 6:3 ја совлада постарата од сестрите Вилијамс, Венус,…

Read More

По Енди Робертсон, Ливерпул ја осигура и иднината на десниот бек Трент Александер-Арнолд. И тој потпиша нов петгодишен договор со „црвените“, кој практично ќе гоз адржи во клубот до 2024 година. Александер-Арнолд блесна во првиот тим минатата сезона и се наметна како прв избор на менаџерот Јирген Клоп. Со своите добри игри дојде и до англиската репрезентација и беше дел од тимот на Светското првенство во Русија минатото лето.

Read More

Тотенхем тргнува по потписот на напаѓачот на Бетис, Антонио Санабриа. Веста ја потврдија повеќе шпански извори, откако преставници на англискиот клуб стапиле во контакт со агентот на фудбалерот Спарс бараат решение за напаѓачкото место кое е ослабено по потешката повред ана Хари Кејн, кој ќе мора да отсутсвува од терените два месеци. Лондончани подготвуваат понуда за 22-годишниот напаѓач, кој оваа сезона на 14 меча во ЛА Лига постигна само 2 гола.

Read More

30. светска тенисерка, Руснката Марија Шарапова со 2-1 во сетови ја победи актуелната шампионка на Австралија Опен, Каролин Вознијацки и ја запре на патот на одбрана на трофејот од лани. Шарапова најави дека во извонредна форма дојде на првиот Грен Слем турнир сезонава и сигурно ќе атакува на висок пласман. Во осминафиналето таа ќе игра со Барти од Австралија која во моментов е 15. на ВТА листата. На машкиот турнир место во осминафиналето си обезбедија Роже Федерер и Григор Димитров. И двајцата во три сета успеаја да однесат победи над Фриц (САД) и Фабиано (ИТА) и со тоа да ја…

Read More

Вест Хем се помири со фактот дека не може со сила да го задржи арнаутовиќ во тимот. Според информациите од Англија, „чеканите“ се подготвени да ги разгледата понудите за него и да му дозволат да си замине. Тоа е речиси сигурен знак дека Австриецот уште оваа зима ќе го напушти тимот. Интерес за него има од Шангај СИПГ кој предложи 35 милиони фунти за напаѓачот, но таа понуда првично беше одбиена. Самиот фудбалер исто така, сака да замине за Кина каде има ветување за огромна плата и очигледно клубот веќе ќе побара нова средба со Кинезите. „Сопствениците не притискаат да…

Read More

Томас Тухел не се откажал од своите намери да го купи фудбалерот на својот поранешен клуб Борусија Дортмунд, Џулијан Вајгл. Веста ја објавија неколку германски извори, откако стана јасно дека Тухел се почесто контактира со фудбалерот за врска. Вајгл годинава не е редовен стартер кај „милионерите“ и тоа може да биде одлична причина за фудбалерот да побара трансфер во ПСЖ. Тухел во него гледа адекватна замена за Рабио, кој го напушта тимот.

Read More

Челзи ќе направи уште еден обид да го задржи младиот напаѓач Калум Хадсон-Одои во својот тим. 18-годишниот фудбалер ќе добие понуда за нов договор со плата од 70.000 фунти неделно, што може да биде одлична мотивација за продолжување на соработката. Претходно медиумите објавија дека раководството на англискиот клуб се обиде да го убеди напаѓачот да остане во тимот и да го продолжи договорот, кој важи до 2020 година, но младиот фудбалер сакал да си замине. За Хадсон-Одои е заинтересирана екипата на Баерн (М), која се обидува да го убедли младиот напаѓач да направи трансфер во Минхен. Баерн направи неколку понуди…

Read More

Играчот од средниот ред на германски Шалке, Евгени Конопљанка, е многу близу до трансфер во турски Бешикташ. Според турски извори, Бешикташ му понудил договор со плата од 3,2 милиони евра на Конопљанка, кој би требало да го комплетира трансферот во следните денови. Се очекува Бешикташ официјално да го објави трансферот на 29-годишниот фудбалер по натпреварот со Ахисар. Според една опција, Конопљанка во Истанбул е замине како позајмен фудбалер, со опција за откупување на договорот.

Read More