30. светска тенисерка, Руснката Марија Шарапова со 2-1 во сетови ја победи актуелната шампионка на Австралија Опен, Каролин Вознијацки и ја запре на патот на одбрана на трофејот од лани. Шарапова најави дека во извонредна форма дојде на првиот Грен Слем турнир сезонава и сигурно ќе атакува на висок пласман.
Во осминафиналето таа ќе игра со Барти од Австралија која во моментов е 15. на ВТА листата. На машкиот турнир место во осминафиналето си обезбедија Роже Федерер и Григор Димитров. И двајцата во три сета успеаја да однесат победи над Фриц (САД) и Фабиано (ИТА) и со тоа да ја потврдат својата одлична форма. Федерер во следната рунда се среќава со 14. Фаворит Циципас од Грција, додека за Димитров следен предизвик ќе биде Американецот Тиафо, кој пред две кола го елиминираше петтиот фаворит, Андерсон.