Македонската ракометна репрезентација ќе се бори за пласман на 15. Место на светското првенство во Германија и Данска. Денеска во првиот меч од разигрувањето на „Президент Купот“ загубивме од селекцијата на Русија со 30:28 и со тоа останува утре во последниот меч да разигруваме со поразениот од денешниот дуел меѓу Чиле и Катар за пласман на 15. позиција.
Во меч со многу пропусти и лоша игра, нашите ракометари не беа ни близу до успех. Уште во првиот дел по стартната предност од 4:2, следуваше несфатлив пад во играта и серија од 6:0 за Русија, што ни стави дознаење како ќе одат работите и на овој меч.
Русите го завршија првиот дел до 17:14, а со серија и во второто полувреме успеаја да дојдат до комотни 5-6 гола разлика. Потоа следува апромени и во двата состави. Заиграа младите надежи и на двете репрезентации, па ние успеавме да се вратиме со помала негатива, пред се на денеска брилјантниот Никола Митревски на голот кој имаше 16 интервенции. Кире Лазаров и денеска беше најдобар реализатор кај нас со 9 гола, додека Пешевски постигна 5. Кај селекцијата на Русија најдобар беше голманот Киреев, кој беше прогласен иза играч на мечот, додека најдобар реализатор Житников со 8 гола.