Челзи ќе направи уште еден обид да го задржи младиот напаѓач Калум Хадсон-Одои во својот тим. 18-годишниот фудбалер ќе добие понуда за нов договор со плата од 70.000 фунти неделно, што може да биде одлична мотивација за продолжување на соработката.
Претходно медиумите објавија дека раководството на англискиот клуб се обиде да го убеди напаѓачот да остане во тимот и да го продолжи договорот, кој важи до 2020 година, но младиот фудбалер сакал да си замине.
За Хадсон-Одои е заинтересирана екипата на Баерн (М), која се обидува да го убедли младиот напаѓач да направи трансфер во Минхен. Баерн направи неколку понуди за купување на Хадсон-Одои, а последната од нив беше во вредност од 35 милиони фунти.