Играчот од средниот ред на германски Шалке, Евгени Конопљанка, е многу близу до трансфер во турски Бешикташ. Според турски извори, Бешикташ му понудил договор со плата од 3,2 милиони евра на Конопљанка, кој би требало да го комплетира трансферот во следните денови.
Се очекува Бешикташ официјално да го објави трансферот на 29-годишниот фудбалер по натпреварот со Ахисар. Според една опција, Конопљанка во Истанбул е замине како позајмен фудбалер, со опција за откупување на договорот.