Вест Хем се помири со фактот дека не може со сила да го задржи арнаутовиќ во тимот. Според информациите од Англија, „чеканите“ се подготвени да ги разгледата понудите за него и да му дозволат да си замине. Тоа е речиси сигурен знак дека Австриецот уште оваа зима ќе го напушти тимот.
Интерес за него има од Шангај СИПГ кој предложи 35 милиони фунти за напаѓачот, но таа понуда првично беше одбиена. Самиот фудбалер исто така, сака да замине за Кина каде има ветување за огромна плата и очигледно клубот веќе ќе побара нова средба со Кинезите.
„Сопствениците не притискаат да го продадам Марко Арнаутовиќ. Ако договорот е добар за двете страни, ние ќе го направиме тоа. Вистината, сепак, е дека не сакаме да го продадеме, но ако тој не сака да остане, нема што да правиме”, изјави менаџерот Мануел Пелегрини.