Томас Тухел не се откажал од своите намери да го купи фудбалерот на својот поранешен клуб Борусија Дортмунд, Џулијан Вајгл. Веста ја објавија неколку германски извори, откако стана јасно дека Тухел се почесто контактира со фудбалерот за врска.
Вајгл годинава не е редовен стартер кај „милионерите“ и тоа може да биде одлична причина за фудбалерот да побара трансфер во ПСЖ. Тухел во него гледа адекватна замена за Рабио, кој го напушта тимот.