Утрово на Австралија Опен се случи и првото поголемо изненадување, откако петтиот фаворит на машкиот турнир, Јужноафриканецот Кевин Андерсон не успеа да го мине Фросис Тиафо од САД.
По речиси тричасовната битка во Мелбурн, Американецот победи со 3:1 (4:6, 6:4, 6:4, 7:5). Треба да се напомене дека Андерсон имаше здравствени проблеми пред натпреварот што сигурно влијаеше на неговиот настап.
За разлика од него третиот фаворит на турнирот, Швајцарецот Рожер Федерер успеа да го мине и вториот противник во Мелбурн. Тој утрово во три сета со 7:6, 7:6, 6:3 успеа да го совлада Британецот Еванс, кој одлично се држеше во воведните два сета.
Кај дамите, бранителката на титулата Каролин Вознијацкиобезбеди место во третото коло по победата над Јоханес Ларсон без проблеми 6:1, 6:3. Победничката на Отвореното првенство на САД во 2017 година Слоун Стивенс (САД), исто така немаше потешкотии и победи со 6:3, 6:1 против Унгарката Тимеа Бабош. Со тоа петтата фаворитка на Австралија Опенво 3. коло ќе игра со Петра Мартиќ од Хрватска.