Младиот фудбалер на Милан, Ален Халиловиќ, најверојатно, кариерата ќе ја продолжи во Турската Супер лига.
Како што информира Скај Спорт Италија, новиот тим на Хрватот би можел да биде Бешикташ. Агентот на фудбалерот е во Истанбул, каде што се договара со клубот околу можната соработка.
Минатата сезона Халиловиќ помина како позајмен фудбалер на Лас Палмас”. 22-годишниот играч од средниот ред ја започна својата кариера во Динамо Загреб, во 2014 година се пресели во Барселона, а две години подоцна се пресели во Хамбург. Оваа сезона, Халиловиќ не учествуваше на ниту еден натпревар од италијанската Серија А, останувајќи на клупата на 14 средби.

