Шпанскиот фудбалер од екипата на Манчестер Јунајтед, Андерс Херера изгледа ќе потпише нов договор со клубот, откако бил лично убеден од Оле Гунар Солскјер да остане кај “црвените ѓаволи”.
Тој одбиваше да го продолжи договорот со клубот, додека тој беше под водство на Жозе Мурињо, но сега ситуацијата е поинаква. Во моментов Јунајтед е тим со најдобра форма од сите во Англија и расположението кај новиот менаџер донесе радост и во соблекувалната.
Актуелниот договор на Херера со клубот истекува на летото, а тој има право да преговара со други клубови. Засега не се знае дали во скоро време двете страни ќе успеат да постигнат договор за продолжување на соработката.