Португалскиот фудбалски гигант, Бенфика на својата официјална веб-страница го објави заминувањето на досегашниот тренер на тимот Руи Виториа.
Португалскиот стратег беше отпуштен од функцијата поради незадоволителни резултати оваа сезона. Виториа ја предводеше Бенфика од 2015 година. Под негово водство, тимот ја освои титулата во сезоната 2015/16, а исто така станаа сопственици на супер купот 2016 година.
По 15 круга од тековната сезона, Бенфика е на четвртото место со 32 бода. Пред популарните лисабоснки орли се Брага, Спортинг и лидерот Порто кој има предност од 7 бода пред Бенфика.