Ветеранот на голот на ПСЖ, Џанлуиџи Буфон, изјави дека разговарал со селекторот на Италија, Роберто Манчини, и го отфрлил неговото барање за враќање во репрезентацијата.
„Разговарав со Роберто Манчини, но му кажав да не смета на мене. Манчини го знае вистинскиот пат. Драго ми е што Џорџо Киелини ме наследи како капитен, бидејќи тој, како личност и играч, заслужува таква одговорност“, изјавил Буфон.
Буфон најави дека ја завршува репрезентативната кариера, но во 2018 година играше за репрезентацијата во пријателски натпревар со Аргентина (0: 2).
