ПСЖ нема намера да седи со скрстени раце по заминувањето на Рабио. На негово место во тимот веќе се бара заменик, а според француските весници има две имиња кои се во комбинација да се преселат во Париз.
На листата на посакувани нови имиња кај парижани се Лоренцо Пелегрини (Рома) и Алан (Наполи).
И со двајцата скаутите на ПСЖ се веќе во контакт и се бара начин како некој од нив (ако не и двајцата) да се преселат во Франција со стартот на новата сезона.