Поранешниот фудбалер на Тотенхем и Манчестер Јунајтед, Теди Шерингем, вели дека доколку Манчестер Ј. навистина го посакува Почетино, Тотенхем нема начин да го за држи во своите редови.
„Почетино прави сé што му треба на Тотенхем. Многумина ќе речат дека не освои ништо, но успеа целосно да ја промени ситуацијата во северен Лондон. Маурицио го испрати тимот на вистинскиот пат. Тој им помага на играчите да ги извлечат сите свои квалитети и тоа е она што се бара од тренерот“, вели Шерингем.
„Ако Манчестер Јунајтед сака да го добие, а Маурицио сака да замине, не мислам дека Тотенхем ќе може да застане на патот“, дополнил некогашниот фудбалер на двата клуба.