Расел Вестбрук испиша нови страници во НБА историјата, откако синоќа на мечот со Сан Антонио на гостински терен оствари трипл-дабл со бројки кои ниту еден друг играч во историјата на лигата досега не успеал да ги забележи.
Имено, Вестбрук во поразот на неговата екипа на гостувањето кај Спарс со 154-147 по две продолженија, постигна 24 поени, имаше исто толку (24) асистенции и дури 13 скока. Првпат во историјата на НБА лигата еден играч имал вакво остварување. Најблизу до овој резултат на Вестбрук беше Ајзеа Томас, кој во дресот на Детроит во 1985 година имаше по 24 поени и асистенции, но „само“ 10 скока.