Капитенот на нашата репрезентација, Кире Лазаров, по поразот од селекцијата на Исланд, отворено пред новинарите со свое видување и за вечерашниот меч и за настапот на Мундијалот.
„Видовме еден квалитетен Исланд, севкупно не се посрамотивме во ниту еден меч на СП. Сите си рековме дека имавме среќна ждрепка, силно посакувавме да бидеме во главната фаза, но ете не успеавме. Полека почнува да се крои нова генерација, деца кои влетаа во последен момент, со никакво искуство. Можеби 1-2 натпревари со цел да се добие на искуство како што поминува времето ќе биде добредојдено за нив. Сите навистина сакавме да бидеме во ТОП 8 и да се бориме за настап на Олимпијадата, но не се откжауваме. Верувам во настап на следното ЕП кое носи две места, ќе видиме како ќе се развиваат настаните. Многу играчи ни фалеа на СП, Никола Маркоски, Аце Јоновски, Гоце Ојлески, Мартин Велковски кој зад себе веќе има две големи натпреварувања…Не сакам да ги коментирам судиите на Мундијалот, против Исланѓаните имаа неколку сомнителни одлуки, оштетени бевме и претходно со Хрватска, но не е наше да коментираме. Нашето е на теренот, веруваме со Раул на клупата и кој без сомнение е во Топ 3 во Европа, иако доби доста критики во текот на овој шампионат. Наше е сега да продолжиме на СП, тука сме на располагање на стручниот штаб за следните дуели”, вели нашиот „бомбардер“.