Италијанскиот шампион Јувентус е подготвен да направи конкретен чекор за купување на уште една од ѕвездите на Реал Мадрид. Станува збор за носителот на „Златната топка“, Лука Модриќ. Јуве планира да му понуди тригодишен договор со опција за продолжување на уште една година, што веројатно ќе биде одлична мамка за Модриќ и неговиот агент да инсистираат на заминување во Италија.
Хрватот сака да го напушти Бернабеу, а следново лето е веројатно дека патиштата со Реал (М) ќе им се разделат. Торинци се подготвени да го ангажираат со договор на долго време иако тој веќе има скоро 34 години.