Италијански Милан, наводно, е блиску до договор вреден 10 милиони евра со крилниот фудбалер на белгиски Бриж, Арнаут Данџума Гроенвелд. Според информациите во италијанските медиуми, тој сепак, нема да дојде на „Сан Сиро“ оваа зима, туку на лето.
Директорот на „росонерите“ Леонардо се наоѓа во напредни преговори со белгискиот клуб и наскоро се очекува формализирање на деталите. Гроенвелд ќе остане во Бриж до крајот на оваа сезона, најмногу поради тоа што е повреден од средината на октомври.
Бриж го донесе од НЕЦ Нијмеген за само 1 милион евра во јули 2018 година.