Интер е подготвен да се раздели со хрватскиот играч од средниот ред Иван Перишиќ. Според весниците, италијанскиот клуб го стави хрватскиот фудбалер на листата за продажба и планира да добие околу 40 милиони евра од неговото заминување.
Интер ја разгледува можноста веднаш на негово место да го донесе играчот од средниот ред на кинески Далиан, Јаник Фереира Караско. Претходно, 25-годишниот белгиски фудбалер изрази желба да го напушти кинеското првенство и да се врати во Европа.

