Author: saso

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, изјави дека оваа сезона тој не е фокусиран само на титулата во Премиер лигата, туку напротив, и на ново финале во Лигата на шампионите. „Ќе се обидеме да бидеме што подобри и на двата турнири. Оваа година се разговараше дека треба да се фокусираме само на Премиер лигата, но сепак ние учествуваме и во Лигата на шампионите. Таму имаме тежок противник и некои мислат дека лесно ќе минеме. Не, нема да биде воопшто лесно. Но ние посакуваме ново финале, зошто да не“, изјавил Клоп.

Read More

Тренерот на Интер, Лучано Спалети потврди дека во никој случај не планира да поднесе оставка по поразот од Болоња вчера. Интер остана на третото место на табелата во Серија А, пред градскиот ривал Милан. „Дефинитивно нешто ни недостасува. Прашањето за оставка треба да се упати кон раководството. Јас не гледам смисла да зборувам за тоа“, вели Спалети. За „нероаѕурите“ ова беше третиот последователен меч на кој не успеја да дојдат до победа.

Read More

Малиот приватен авион со кој патуваше фудбалерот Емилијано Сала од Нант кон Кардиф е пронајден на дното на Ламанш, пренесуваат светските медиуми. Веста ја потврди и Дејвид Мернс која ја предводеше приватната потрага по исчезнатиот авион. „Остатоците од авионот во кој леташе Сала со кој пилотираше Дејвид Иботсон се лоцирани“, напишал  Мернс. Инаку авионот на Сала исчезна над Ламанш на 21 јануари за време на летот од Франција кон Велс. Откако спасувачката операција по исчезнатиот авион  беше завршена, семејството собра средства и покрена приватна  потрага.

Read More

Со доаѓањето во Барселона, Кевин Принс Боатенг биможел да се врати и во репрезентацијата на Гана. Шпекулациите почнаа деновиве, откако тој веќе ги одигра и првите минути за каталонците. Последен пат Боатенг беше дел од селекцијата на Гана во 2014 година, кога се обиде физички да се пресмета со селекторот и беше избркан од националниот тим. Боатенг тогаш физички се обиде да се пресмета и со Сали Мунтари, по што веќе никој не сакаше да го види во репрезентативниот табор. Од Фудбалската федерација на Гана сооптија дека му порачале на Боатенг дека може да се врати во репрезентацијата, само ако…

Read More

Некогашниот трет светски тениски рекет, Шпанецот Давид Ферер доби „вајлд карта“ за настап на турнирот во шпанскиот главен град, кој ќе биде воедно инегов последен активен настап во кариерата. За 36-годишниот Ферер ова ќе биде 16-то учество на мастерсот во Мадрид каде за првпат учествуваше кога имаше 21 година. „Давид е еден од најголемите тенисери на нашата земја. Исклучителна личност и еден од најдобрите кои сум ги сретнал“, изјавил неговиот пријател и нов директор на Мастерсот, Фелициано Лопез.

Read More

Ракометарите на Металург вечерва (20.15 ч.) против екипата на Загреб ќе ја продолжат сезоната во СЕХА лигата. Во Скопје доаѓа еден од фаворитите з атрофејот сезоната, но овој пат со ново тренерско име на клупата, Словенецот Бранко Тамше, кој го замени поранешниот тренер на „металурзите“, Лино Червар. Металург ќе се обиде да се престави во најдобро светло по турнејата во Франција и се надева на изненадување. Пред денешниот меч, момците од Автокоманда се на претпоследното место на табелата со 7 освоени бода.

Read More

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, и натаму има сериозни проблеми во одбраната, откако стана јасно дека за престојниот дуел со Вест Хем повторно нема да може да смета на дефанзивците Трент Александар-Арнолд и Џо Гомез. Состојбата на десниот бек Александар-Арнолд се подобрува, но и покрај тоа ќе го пропушти натпреварот со „чеканите“. За Џо Гомез се уште не е јасно кога ќе се врати на теренот. Добрата вест за Германецот е враќањето на Џејмс Милнер кој ја истрпи казната од еден натпревар суспензија.

Read More

Италијанските весници денеска изглегоа со информација дека екипата на Јувентус, по Роналдо, следното лето ќе донесе уште една голема ѕвезда на Реал (М). Според најавите, „Старата Дама“ има план како да го доведе во Торино и Бразилецот, Марсело. Според торинските изданија, Марсело ќе пристигне на лето и ќе биде финансиран од продажбата на Алекс Сандро, за кого се зборуваше дека уште оваа зима ќе си замине од клубот. На Реал Мадрид ќе му биде понудена сума од 45 милиони евра, додека на Марсело договор со плата од околу 12 милиони евра на годишно ниво.

Read More

Ракометарите на Металург денеска на прес-конференција го најавија првиот меч во оваа 2019 година на домашен терен, оној саботниот против ППД Загреб во 14. коло од СЕХА лигата. Тренерот на „металурзите“, Данило Брестовац, вели дека овој ќе биде поинаков меч, со оглед на промената на тренерското место кај противникот. „Позитивно е што играме дома, но факт е дела Загреб е квалитетен, добар противник, кој има нов тренер и сигурно нов концепт на игра. Познавајќи го Тамше како тренер на Целје, тој е спротивен на Лино, односно претпочита побрз ракомет, многу трчање, брз напад и максимална игра во двата правци. Поради…

Read More

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп призна дека е разочаран од ремито со Лестер и пропуштената одлична можност “црвените” да го зголемат предноста пред Манчестер Сити на цели седум бода. “Црвените” стигнаа само до 1:1 на својот “Енфилд” на мечот со Лестер, а разликата со Сити беше зголемена за еден бод и сега изнесува 5 бода. „Ние треба да го прифатиме овој резултат, што не е проблем. Освоивме бод. Тоа не е совршено, но и тоа е добро “, рече германскиот специјалист по натпреварот.

Read More