Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, и натаму има сериозни проблеми во одбраната, откако стана јасно дека за престојниот дуел со Вест Хем повторно нема да може да смета на дефанзивците Трент Александар-Арнолд и Џо Гомез.
Состојбата на десниот бек Александар-Арнолд се подобрува, но и покрај тоа ќе го пропушти натпреварот со „чеканите“. За Џо Гомез се уште не е јасно кога ќе се врати на теренот.
Добрата вест за Германецот е враќањето на Џејмс Милнер кој ја истрпи казната од еден натпревар суспензија.