Италијанските весници денеска изглегоа со информација дека екипата на Јувентус, по Роналдо, следното лето ќе донесе уште една голема ѕвезда на Реал (М). Според најавите, „Старата Дама“ има план како да го доведе во Торино и Бразилецот, Марсело.
Според торинските изданија, Марсело ќе пристигне на лето и ќе биде финансиран од продажбата на Алекс Сандро, за кого се зборуваше дека уште оваа зима ќе си замине од клубот.
На Реал Мадрид ќе му биде понудена сума од 45 милиони евра, додека на Марсело договор со плата од околу 12 милиони евра на годишно ниво.