Играчот од средниот ред на Зенит, Леандро Паредес, денеска пристигна во Париз, за да потпише договор со ПСЖ. Во пресрет на потпишувањето, аргентинскиот фудбалер ги помина медицинските тестови во Доха.
Според извори од клубот, Паредес ќе потпише договор со парижани на 4,5 години. Износот на трансферот ќе биде 40 милиони евра, а 5 милиони евра ќе бидат исплатени и како бонуси.
24-годишниот Паредес се пресели во Зенит летото 2017 година од Рома. Трансферот изнесуваше 23 милиони евра.