Ракометната репрезентација на Данска е нов светски шампион. На првенството кое заврши на нивен терен во Хернинг, Данците ја „сомлеа“ селекцијата на Норвешка со 31.22 и за првпат во историјата се искачија на светскиот ракометен трон во машка конкуренција.
Титулата за Данска дојде со една фантастична игра во сите 60 минути, не оставајќи им ниту грам надеж на противниците дека можат да изнеандат. Данците во четвртиот обид дојдоа до светското злато, единственото кое им недостасуваше во нивната историја со оглед на тоа дека имаат две европски титули, а се и актуелни олимписки шампиони.