Откако ја одби понудата на Тотенхем, а со Барселона работите се изјаловија, младиот фудбалер на ПСЖ, Адриен Рабио очекува понуда од Ливерпул.
Според извори блиски на фудбалерот, тој впрочем и ја одбил понудата на Тотенхем, затоа што сака да заигра за „црвените“ на Клоп.
Дел од француските медиуми велат дека ПСЖ ја прифатил понудата од 23 милиони евра кои за Рабио ја понуди Тотенхем, но фудбалерот не се согласил на овој трансфер. Сега останува да се почека новата понуда и дали конечно сагата за иднината на Рабио ќе заврши пред крајот на зимскиот преоден рок.