Раководството на Манчестер Јунајтед ќе му предложи нов договор за крилото Хуан Мата. Понудата на Шпанецот треба да му овозможи договор на уште една година.
Тековниот договор на играчот истекува на крајот од сезоната кога станува слободен агент, доколку не ја прифати понудата на „Црвените Ѓаволи“. Лично, менаџерот Оле Гунар Солскјер ја објави желбата да го задржи Мата во својот состав. Преговорите меѓу двете страни почнаа уште кон крајот на минатата година, но засега нема информација дека има некаков напредок.
Главната причина е тоа што Мата сака подолг договор од една година, додека шефовите на тимот му нудат само договор само на 1+1 година.