Болоња и официјално ја објави својата одлука да го разреши досегашниот тренер Филипо Инзаги и на негово место да го постави српскиот стретег Синиша Михајловиќ.
Михајловиќ потпиша договор до крајот на сезоната со можност за продолжување за уште една година. Сепак, тој дел ќе биде активиран само ако Болоња успее да опстане во Серија А и следната година.
49-годишниот стратег се враќа на “Ренато Дал’Ара” откако беше на чело на тимот во сезоната 2008-09, но успеа да ја заврши сезоната до крај.