Реал (М) планира да испрати понуда во висина од 100 милиони фунти за напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, тврди весникот “Сан”.
Според изданието понудата од “кралевите” за англискиот репрезентативец ќе стигне по завршувањето на сезоната, бидејќи клубот сака да има предност во битката за младиот фудбалер, кој не престанува да восхитува под раководство на Оле Гунар Солскјер.
Од Јунајтед пак се надеваат дека ќе успеат д апотпишат нов долгорочен договор со голгетерот и на тој начин да ги оттргнат рацете на заинтресираните клубови за него.