Антонио Конте може да го преземе тимот на Интер на крајот на сезоната, објавија италијанските медиуми. Тој веќе имал неколку одвоени средби со преставници на Интер на кои разговарал како можен заменик за Лучијано Спалети.
Според информациите до кои дојдоа италијанските медиуми, промената ќе се случи на крајот на сезоната, без разлика каков ќе биде настапот на „нероаѕурите“ под водство на Спалети до крајот на првенството. Раководството на клубот е несреќно што тимот не ја помина групата во Лигата на шампионите, што беше главна цел пред тимот оваа сезона.
Конте последен пат работеше како менаџер на Челзи.