Тренерот на Челзи, Маурицио Сари, ја оцени играта на својот на мечот против Бурнемут како криза на психолошки план.
„Имаме психолошки проблеми. Мислевме дека веќе го имаме нашиот стил на играта, но тоа не е така, па сега ги плаќаме последиците. Игравме добро во првата половина од мечот, но примивме гол веднаш по паузата. После тоа, престанавме да играме како тим, одејќи на поединечни акции. Не разбирам зошто се случи ова, бидејќи имавме уште 45 минути. Можевме да ја поправиме ситуацијата ако постапивме поинаку“, изјави Сари.