Арсенал исто така се вклучи во наддавањето за потписот на Адриен Рабио од ПСЖ. Како што е познато, играчот од средниот ред на францускиот првак станува слободен агент на крајот од сезоната и многу тимови се интересираат за него.
Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери изјави дека сака да добие можност да го има Рабио повторно во својот тим, но се останува на тоа како ќе се движат преговорите на Французинот и со другите заинтересирани клубови.
Барселона се смета за големиот фаворит за неговиот потпис, но Рабио води разговори и со други клубови, меѓу кои Баерн Минхен, Ливерпул и Тотенхем.