Милан постигнал договор со француска Ница за крилото Алан Сен-Максимин, кој треба да се пресели на “Сан Сиро” во текот на летото.
Според медиумите блиски до клубот, двата тима имаат принципиелен договор за трансферот на 21-годишниот фудбалер, кој беше на чекор до потпишување на договор со “росонерите” уште минатиот месец, но на крајот зделката се одложи за по завршувањето на сезоната.
Засега не се споменува трансферната сума, а Сен-Максимин е еден од најдобрите играчи на тимот од 2017 година, па досега. Тој беше сопственост на Монако, пред да се пресели во Ница каде го покажа сиот свој талент и квалитет.